Почитувани,
Се ближи крајот на уште една политичка кампања во нашата земја. Кампања која по многу белези ќе остане запаметена како фер и коректна, но и во многу наврати како крајно спротиставена во поглед на ставовите на двајцата кандидатити, Силјановска и Пендаровски. Едната, борец за правда и правдина во Македонија и застапник на женските гледишта. Другиот, борец кој не можеше и не ќе може да се “откачи” од етикетите како “ постоење селективна правда”, “непотизам”,”корупција” како и репекусиите кои му ги носат Договорот од Преспа и Законот за јазици. Едната со желба да ги исправи неправдите кон македонскиот народ, другиот со желба да го одбрани она што веќе го направил и за кое активно се вложил, а е спротивно од волјата на граѓаните.
ПРАВДА е она што го бараат граѓаните на оваа земја со насилно променето име. Правдата е таа која ќе донесе соживот помеѓу граѓаните на Македонија, а не Договорот од Преспа и Законот за јазици. Само ПРАВДАТА ќе ги охрабри инвеститорите да инвестираат и не се плашат, само ПРАВДАТА ќе ги задржи младите во оваа земја, само ПРАВДАТА ќе го трасира патот до ЕУ .
Поради тоа, повикуваме на 5ти Мај, да имаме фер и демократски избори, и заедно да и помогнеме на професорката Силјановска да ја донесе ПРАВДАТА ЗА СИТЕ. Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери, да го дадт својот глас за Гордана Силјановска -Давкова, и заедно со сите останати граѓани и политички чинители, да не дозволиме инасталација на “тоталитарен режим”кој ќе нема “кочница” од никого.
Leave a Reply