Силјановска е кандидат која со своите настапа во предизборието и најавени политички потези ќе ги привлече неопределените гласачи.Пендаровски во кампања ќе се „вади” на НАТО. Ова се ставовите кои Драган василески, Претседател на Нова Либерална партија ги искажа во интервју за Курир.
1.Претстојат Преседателски избори, каква кампања очекувате, или според вас на што треба да се стави акцент?
– Претседателските избори,овој пат се многу поспецифичниод сите претходни. Причината е актуелната политичка ситуација која ништо добро не и ветува на Република Македонија. Претседателските кандидати се интелектуалци и треба да стават акцент на ингеренциите на Претседателот, но не знам како од својот вокабулар би успеале да ги оттргнат сите овие секојдневни небулози кои се случуваат во македонското опшество и правосудниот систем, и задираат во идентитетот на македонскиот народ, а се предизвикани од владеачкото мнозинство. Во секој случај,очекувам кампања во која Пендаровски ќе се “вади” на НАТО и на ништо друго, а Силјановска ќе се води од направените грешки на оваа власт нудејќи правни алтернативи како тие да се решат или подобрат. Интересно ќе бида да се види и како Пендароски и со кои ветувања ќе се додворува на албанското гласачко тело на ДУИ, со кои немал најсјајна комуникациија во минатото и дали тие воопшто се спремни да му простат. Очекувам Силјановска, на паметно интелектуален начин да го “сомеле” својот противник во предизборната кампања и на тој начин да ги придобие неопределените гласачи.
2. Што велите, каква би била ситуацијата доколку победи Пендаровски, а што очекувате од Слијановска?
Leave a Reply