Во текот на вчерашниот ден беше одржана лидерска средба на Претседателите на политичките партии членови на Коалицијата „За подобра Македонија”. На истата беше разговарано за актуелната политичка ситуација и подготовките за престојните претседателски избори. Сите политички партии, членови на коалицијата, ја изразија нивната поддршка за кандидатот Гордана Силјановска-Давкова и истакнаа дека комплетно застануваат зад нејзината кандидатура за Претседател на Република Македонија. Само обединети и сплотени, ќе може да се дојде до победа на овие избори, која што победа би ја подотворила вратата за предвремени Парламентарни избори.
Leave a Reply